„Коронавирусот поради создавањето на ефикасни средства за борба со неговото ширење во иднина ќе биде болест која ќе може да се контролира со вакцините, исто како грипот“, изјавил директорот на центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
„Тоа ќе помине како грип, во смисла дека ќе преземеме соодветни мерки, средства за борба против тој вирус и ќе го „избришеме“ од категоријата новонастанати болести, а ќе го вметнеме во категорија болести кои денес се нарекуваат вакцинално контролирани – како малите сипаници, рубела и сите останати. Ќе научиме како да се заштитиме многу ефикасно“, изјавил еден од творците на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ во документарниот филм „Додека сме живи – ќе живееме“.

Гинцбург исто така тврди дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе може да го заштити човекот од вирусот подолго од две години.
„Во процесот на еволуција развиен е таков механизам што наместо антитела се формираат т.н. мемориски клетки. На пример, доколку кај личноста прво се образувале 100 мемориски клетки, потоа поради втората доза на вакцината ќе се формираат 10 илјади мемориски клетки.
Доколку со примањето на една доза постои гаранција дека ќе бидете заштитени со мемориските клетки три до пет месеци, потоа со примањето на двете дози ќе бидете заштитени повеќе од две години“, објаснил директорот на „Гамалеја“.

Вакцината „Спутник В“ на 11 август доби потврда за регистрирање од страна на Министерството на Русија станувајќи прва регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
До денес „Спутник В“ е регистрирана во 69 земји со вкупна популација од над 3,7 милијарди луѓе.