Tвитерџиите бесни на славната пејачка “Не нѝ доаѓај дома тогаш”

Пејачката Били Ајлиш сакала да им го одвлече вниманието, па ги замолила да ја променат традицијата за Денот на благодарноста и да се откажат од јадењето мисирка. Меѓутоа, го направи спротивното – успеа да ги налути сите.

Пејачката е веганка од своја 12 година и веќе неколку пати во јавноста говорела за тоа. Сега сакала да влијае врз своите фанови да ги преиспитаат своите досегашни навики во исхраната, па на Инстаграмстори објави фотографија од мисирка.

Google search engine

Држејќи ја во рацете напишала: “Мисирките се најнежните животни на светот, а 46 милиони од нив се убиени за секој Ден на благодарноста. Знам дека е тешко да се менува традицијата, но имајте го ова на ум”.

Меѓутоа, и покрај добрата намера корисниците на социјалните мрежи се налутиле па коментарите на Инстаграми Твитербиле негативни.

“Не доаѓај во нашата куќа тогаш”, напишал еден корисник на Твитер.

“Ги замолувам луѓето кои ја слушаат Били Ајлиш уште еднаш да размислат. Имајте го тоа на ум”.