ТВ21 дознава неофицијални резултати од пописот: Заедно со дијаспората, Македонци 62%, Албанци 29,5%

ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.

Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдовме, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 29,5 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава.

Google search engine

Процентите варираат доколку во вкупниот број на население се вбројат и оние кои живеат во дијаспора, како што е предвидено со закон.

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%.

Не се знае дали овие бројки ја предизвикаа изјавата од пред неколку дена на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој рече дека ќе биде прогласен за „државен непријател“.

Ваквата изјава на Симовски, првиот вицепремиер, Артан Груби, во емисијата „Клик Плус“, ја нарече „за жалење“, истовремено уверувајќи дека нема да дојде до никакви манипулации со бројките.

На следниот линк може да ја видите целата вест.

- АУДИО РЕКЛАМА -