Турскиот Дизниленд: Бурџ Ал Бабас е преубав град на духови

Некаде помеѓу Истанбул и Анкара се наоѓа долина покриена со борова шума и неколку термални извори. Постои и напуштен град Бурџ Ал Бабас, кој потсетува на оние од Дизнилед од цртаните филмови.

Бурџ Ал Бабас е пример за тоа како луксузен проект може да пропадне под влијание на лошо управување и лош голбален финансиски тек на работите. Патиштата не се завршени, а градежниот материјал сѐ уште стои.

Google search engine

Градот требаше да биде населен од богати арапски клиенти, а планирана беше и изградба на луксузнa турска бања или амам, трговски центар и многу други работи.

Сарот Пропертис Груп беше избрана за работа на овој проект. Изградбата на вилите кои потсетуваат на мали дворци започна во 2014 година. Дури 200 милиони долари биле потрошени за изработка на 587 од 732 објекти. Меѓутоа, во 2018 година настапи финансиската криза, пазарот за недвижности и глобалната економија паднаа во проблеми, а турската лира изгуби на вредност. Компанијата прогласи банкрот, а работата беше стопирана.

Бурџ Ал Бабас се наоѓа на неколку километри од градот Мудурн. Градските власти одлучиле дури сега овој град да го трансформираат во туристичка атракција, па дури се покренало петиција за да се смести на листата на УНЕСКО.

Компанијата Сарот Пропертис Груп минатата година објави дека успешно се справи со банкротот и дека сака да продаде 100 вили за да го отплати долгот и да продолжи со развој. Меѓутоа, проектот бил преземен од Нова Груп Холдингс, мултинационална американска корпорација.

Сѐ уште не се знае каква ќе биде иднината на овој град, но постои веројатност да стане луксузно туристичко место, а тоа е она што и власта го посакува.