Турски продуцент претепал позната српска манекенка, ќе мора да оди во затвор

Турскиот продуцент Чагри Тортоп (46) е осуден на една година затвор за претепување на српската манекенка Тања Ѓукиќ (26) во јуни 2019 година во Истанбул. Првично му се закануваше затворска казна од две до седум години, но судот одлучи да го осуди на помалку од минималната казна.

Јас и моите адвокати ќе се бориме да добиеме поголема казна, најмалку три години, вели манекенката. Тој сега на секој начин се обидува да го избегне затворот, сака да одиме на помирување, но јас нема да се согласам со тоа.

Google search engine

Тортоп се товари дека лишил девојка од слобода со употреба на сила, закани или измама. Турските медиуми јавуваат дека со вештачењето на телефонот на продуцентот било утврдено дека тој кобниот ден не повикал брза помош, иако го тврдел спротивното. Чагри тврдеше дека Тања има растројство на личноста. Како што претходно изјавила манекенката, тогашниот дечко толку многу ја тепал што крвта ѝ бликнала од носот, устата и увото.

Ѓукиќ две години била во врска со продуцент од Турција, а се запознале откако таа се преселила во Истанбул, каде дошла преку модната агенција за која работела.

- АУДИО РЕКЛАМА -