Туристи на длабочина од неколку стотина метри снимиле медуза поголема од нивната подморница

Во водите околу Антарктикот било забележано ретко и необично суштество, а станува збор за огромна медуза со пипала долги и до 10 метри.

Во текот на истражувањето на брегот околу Антарктикот, туристите кои се наоѓале во приватна подморница успеале да го снимат ова необично суштество кое дотогаш било видено само 126 пати.

Google search engine

Медузата била поголема од подморницата во која се наоѓале луѓето, а оваа, за многумина застрашувачка глетка, била снимена на длабочина од неколку стотини метри, во близина на антарктичкиот остров Рона.

Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година биле воочени уште неколку појавувања на оваа огромна медуза.

Научниците сè уште не знаат многу за овие безрбетници, кои живеат во темните и студени зони на поларните океани и кои со помош на своите брановидни пипала налик ленти фаќаат планктони и мали риби.

Корисниците на Твитер кои го погледнале објавеното видео велат дека ова суштество изгледа како да не е од нашата планета.