Турција се приклучува во SpaceX: Потпишаа договор за лансирање на сателитот Турксат 6А

Компанијата на Илон Маск, SpaseX потпишала договор со Турција за лансирање на комуникациски сателит, Турксат 6А чија изработка и конечно пуштање во погон треба да биде финализирано до 2023 година.

Министерот за сообраќај и инфраструктура, Адил Карасимаилоглу соопшти дека Турцијаги анализирала понудите и опциите на неколку компании и дека изборот на крај бил SpaceX која се покажла како најдобра компанија во технички, административни и финансиски аспекти.

Google search engine

Карасимаилоглунаведе дека фазите за производство, интеграција и тестирање на новиот турски сателит ќе се спроведуваат во Центарот за тестирање на вселенски системи во Анкара, а завршувањето на целиот процес се очекува да биде во 2022 година.

“Проектот ќе ја направи Турција уште една од 10-те земји кои можат да произведат сопствен комуникациски сателит. Се очекува дека Турксат 6А ќе биде лансиран во првото тромесечје на 2023 година”, било соопштено.

Турција исто така во соработка со SpaceX го лансираше сателитот Турксат 5А во јануари 2021 година.