Трка на САД и Кина во дистрибуција на вакцина во Европа

САД планираат да ги поправат и ревитализираат односите со европските сојузници во моментот кога со Кина се борат за влијание во областа на дистрибуцијата на вакцина и закрепнувањето по пандемијата во Европа.

Претседателот Џо Бајден за тоа во петок би требало да зборува на виртуелна безбедносна конференција во Минхен. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ќе учествува на он-лајн самитот Е3 со Франција, Германија и Велика Британија, а се очекува тема да бидат глобалните предизвици, рекол портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс. Блинкен ќе учествува и на седницата на Советот на ЕУ за надворешни работи, на повик на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борељ.

Google search engine

Истовремено, кинескиот претседател Кси Џинпинг на неодамнешниот самит 17+1 најавил дека Пекинг ќе го зголеми увозот на пазарите во земјите од централна и источна Европа, и во наредните пет години ќе увезе роба вредна 170 милијарди долари.

Кина веќе во тој регион увезува вакцини и го засилува своето влијание, а првите земји кои ја земале кинеската вакцина се Србија и Унгарија, која воедно е и единствена членка на ЕУ која ги користи и покрај тоа што не се одобрени на европскиот пазар.

Вашингтон во меѓувреме се обидува да ги обнови старите пријателства со Европа и да се врати на мултилатерализмот.

“Администрацијата Бајден-Харис е посветена на дијалог и соработка со партнерите по прашањето за Кина, почнувајќи од европските партнери”, рекол портпаролот на Стејт департментот за “VOA”.

“Разбираме дека европските партнери имаат свои интереси и врски и не ги тераме да бираат меѓу Кина и САД. Но не загрижува тоа што Кина користи мултилатерални организации да ја подобри својата економија, национална безбедност и интереси, на сметка на мирот и просперитетот на другите земји”, додал тој.

Аналитичарот на Центарот за истражувања на источна Европа од Полска, Јакуб Јакобовски, смета дека единствен успех на самитот 17+1 е тоа што се покажало дека иницијативата 17+1 не е мртва, но дека Си не успеал да ги привлече шефовите на државите да учествуваат на самитот и “Пекинг не остварил дополнително влијание во ЕУ”.

Србија била една од малкуте земји кои пратиле висок претставник на овој самит, односно претседателот Вучиќ. Србија одржува блиски врски со Кина, чии компании вложуваат милијарди евра во инфраструктурата и енергетските проекти.

Исто така, Србија е прва европска земја која ја користи кинеската Синофарм вакцина.