Трик со кој трговците ве мамат да купите поскап производ

Продавниците користат цела низа трикови за да ве натераат да потрошите повеќе пари.

Од сензационални акции „платете две, третото го добивате бесплатно“, (иако можеби навистина не ви треба ниту еден производ), до музика, осветлување и позиционирање на рафтовите, продавниците користат цела низа трикови за да потрошите повеќе.

Google search engine

Психологот Џули Смит ни откри трик на нејзиниот Тикток што прави прескапите производи да ви изгледаат многу подостапни.

Како пример, таа понуди сладоледи – едниот чини 3 фунти, другиот чини осум фунти. Сладоледот од осум фунти се чини прескап, а со оглед на разликата од пет фунти, секој ќе го посака поевтиниот.

Со цел (премногу) скапиот сладолед да изгледа поприфатлив, трговците ставаат мамка – сладолед од седум фунти.

„Тие навистина не сакаат да го купите тој еден од седум фунти, но тоа е само мамка за да направите поскапиот сладолед да делува како добра можност. Без мамката, споредувате сладоледи од три и осум фунти, но со мамката – ќе си речете, па зошто да не го земам овој од осум фунти, тој е само една фунта поскап“, рече таа.

Таа исто така објасни дека психолошкиот ефект на кадрирање го користат сите продавници, ресторани па и технолошки гиганти.