Три видови намирници кои мора да ги консумирате секојдневно ако сакате да ги намалите вишокот килограми

На почетокот на неделата сите воведуваат промени и велат дека се на диета.

Ако не сакате претерано да се ограничувате, сакате да јадете разновидна храна, а сепак да ослабнете, тогаш консумирајте ги овие намирници.

Google search engine

Зеленчук

Зеленчукот мора да биде најзастапен во вашиот ручек. Преку него во организмот внесуваме есенцијални витамини, минерали и фитохемикалии, соединенија кои се борат против разни болести во чоевечкото тело. Зеленчукот со голема содржина на растителни влакна, како што се брокула, прокељ, спанаќ, грашак, пченка и леќа, дополнително ќе ви помогнат во слабеењето, затоа вклучете ги во вашето дневно мени.

Протеини без масти

Пилешко, мисиркино, телешко и говедско месо, јајца, лосос, туна – ове протеини со малку маснотии ќе ве држат сити долго време, за разлика од јаглехидратите и заситените масти после кои гладта брзо се враќа.

Цели зрна

Не мора да се откажувате од лебот, само белиот леб заменете го со цели зрна. Многу студии потврдуваат дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции житарици дневно, имаат околу 2,4 проценти помалку телесни масти и 3,6 проценти помалку маснотии во стомакот отколку луѓето кои воопшто не ги јадат.