Три можни сценарија за Путин – CNBC анализира како Русија би можела да реагира на проширувањето на НАТО

Американската телевизиска компанија CNBC анализираше како Русија би можела да реагира доколку продолжи проширувањето на НАТО.

Издвоени се три можни реакции, а тоа се уште поинтензивни провокации на НАТО, сајбер напади и енергетска војна. Русија остро се спротивстави на можноста Финска и Шведска да станат членки на НАТО и најави дека нејзина реакција нема да се изостане.

Реклама

Поинтензивна провокација на НАТО

Русија во последните години со своите активности провоцира реакција на НАТО, што значи периодично влегување во воздушниот простор на оваа воена алијанса. Експертите сметаат дека таквите активности ќе бидат поинтензивни доколку Финска и Шведска стават крај на децениската воена неутралност.

„Ова ја менува безбедносната средина на целото Балтичко Море и Арктикот. Се разбира, ќе продолжиме да влегуваме во воздушниот простор, но ние сме одбранбен сојуз и ќе реагираме рационално и професионално. Последното нешто што Русија го сака е конфликт со сите 30 членки на НАТО, а наскоро ќе бидат 32“, изјави поранешниот американски воен генерал во Европа Бен Хозис.

Тој смета дека Русија не може да отвори нов воен фронт се додека е во војна со Украина. Тој оцени дека нема реална опасност за Финска и Шведска. НАТО тврди дека руските воени авиони често не емитуваат сигнал од транспондерот, поради што се непознати положбата и висината на леталото. Дополнително, тие нагласија дека не комуницираат со контролорите на летање, што според нив претставува ризик за цивилните авиони.

Сајбер придвижување на армијата кон границата

Финска и Шведска истакнаа дека причината за членството во НАТО е последица на руската агресија врз Украина, а не антагонизирање на Русија.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон на 15 мај изјави за CNBC дека членството е најдоброто нешто за националната безбедност. Таа очекува дека рускиот претседател Владимир Путин ќе побара почести сајбер и хибридни војни како реакција на членството на оваа земја во НАТО.

Шефот на шведската дипломатија Ен Лин, исто така, очекува дека Русија повеќе ќе ја движи својата војска кон шведската граница.

Енергетска војна

Енергетската војна е уште еден начин на руска реакција. Енергенсите се силен адут во руската конфронтација со Западот. Европската унија во меѓувреме се обидува да го промени тоа.

Економистот Жил Моек не ја исклучува можноста Русија целосно да го прекине снабдувањето со енергија за остатокот од Европа. На 13 мај Русија објави дека ќе ја прекине дистрибуцијата на електрична енергија во Финска. Според Финците тоа е околу 10% од вкупната струја.

Турција соопшти дека нема да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган посочи дека причината за тоа е што овие две земји, како што наведе, поддржуваат терористички организации. Како такви, тој ги наведе Курдската работничка партија (ПКК) и курдската милиција (YPG) во Сирија.

Реклама