ТРЕБА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ЗАСЕКОГАШ! Видеото од татко и дете на автопат предизвика лавина коментари во Словенија ВИДЕО

Видеото снимено на автопат некаде во Словенија предизвика вистинска полемика. Имено, запирањето на возачот и изнесувањето на детето на коловозната лента станало предмет на расправија дали таткото постапил правилно, односно дали го навредил своето дете.

На видеото објавено на Фејсбук страницата „Вози паметно со ДАРС“ се гледа маж, кој го запрел автомобилот на лентата за застанување и го извадил синот од задното седиште, го ставил до автомобилот на нокширот и чекал да се олесни.

Google search engine

Тој неколку пати го мрднал детето кое во еден момент, како што може да се види на видеото, било пред задниот дел од возилото. Откако извршил нужда, таткото го вратил детето во автомобилот, ја фрлил содржината од нокширот на страна од патот и си заминал.

Словенците кои ја гледаа содржината многу бурно реагираа на ваквото однесување, особено на странците кои патуваат низ оваа земја.