Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше тоа дека Бајден седел во 14-тиот ред на погребот на кралицата Елизабета Втора, дека бил опкружен со лидери на земји од третиот свет.
Џо Бајден седеше во редот 14, седми ред одзади, во Вестминстерската опатија. По тој повод Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави фотографија од собраните лидери со црвена стрелка која покажува кон Бајден.

Тој тврди дека ако сè уште бил претседател, ќе седел на фронтот, и дека сегашниот распоред на седиштата е показател за рејтингот на САД, кој верува дека е намален откако Бајден стана претседател.
„Ова и се случи на Америка за само две кратки години. Нема почит“, рече Трамп.

Тој додаде дека е добра можност актуелниот претседател подобро да се запознае со некои лидери на земји од третиот свет.
„Во недвижностите, како и во политиката и животот, ЛОКАЦИЈАТА Е СЕ!!!“, заклучи Трамп.

Инаку, според протоколот, лидерите на земјите од Комонвелтот беа поставени пред останатите шефови на држави. Така, канадскиот премиер Џастин Трудо се најде девет реда пред американскиот претседател.
Џо Бајден и првата дама Џил седнаа до претседателот на Швајцарија, пред нив беше претседателот на Полска, а зад нив премиерот на Чешка. Кинескиот претставник беше во ист ред со Бајден.

Не е јасно на кого мислеше Трамп кога рече „лидери од третиот свет“.