ТРАМП ДО ЗАКЕРБЕРГ: Не сум заинтересиран да се вратам на Фејсбук, дури и ако ми ја вратат страницата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вели дека не е заинтересиран да се врати на Фејсбук, дури и ако извршниот директор Марк Закерберг на крајот му дозволи да се врати во оваа социјална мрежа.

Трамп тоа го изјави на конвенцијата на Републиканската партија во Северна Каролина.

Google search engine

Потсети дека, додека беше претседател, Закерберг ја посетил и Белата куќа со неговата сопруга и дека директорот на Фејсбук му рекол дека е „број еден на Фејсбук“. Сепак, Трамп изјави дека позицијата на Закерберг се променила на денот кога тој ја напуштил функцијата.

„Толку неправедно … Тие затвораат цела група луѓе“, рече Трамп.

Доналд Трамп им порача на Американците дека тој не е тој што се обидува да ја поткопа американската демократија, туку се обидува да ја спаси.