Трагичното детство на добитничката на Оскар: Крадела храна за да преживее, а денес ужива во богатство со благородник

Кога ќе се спомене Џесика Честејн, обично две работи нѝ паѓаат напамет: силните и отворени жени кои ги отелотворува на големите екрани и нејзината страст кон социјално-политичкиот активизам.

По скандалот со сексуалните злоставувања од страна на холивудскиот могул Харви Вајнштајн во 2017 година, Честејн беше една од најгласните заговорници на движењето „Me Too“.

Google search engine

„Бев предупредена уште од почетокот. Приказните беа насекаде. Да се негира тоа значи да се создаде средина да се повтори истото“, напиша тогаш Честејн на Твитер.

Џесика исто така водеше кампања за праведни плати помеѓу жените во нејзината индустрија и нивните машки колеги. Нејзиното охрабрување на другите жени уште повеќе се цени со оглед на нејзиното бурно детство.

Семејството на Честејн немало пари за храна

Иако го посетувала драмското училиште Џулијард и е во брак со благородникот Џан Лука Паси де Препосуло, актерката пораснала во многу поинаква, сурова реалност.

Како што изјави во јануари за „Times“, пораснала во крајна сиромаштија.

„Не зборувам многу за тоа, но тоа беше навистина… не е она што би го очекувале. Кога луѓето ќе ме видат, мислам дека очекуваат поинаква животна приказна од мене“.

Честејн открила дека во недостаток на материјални нешта „како што е дури и храна“, таа пораснала со голема огорченост.

Таа претходно во 2017 година зборуваше за „Evening Standard“ за тоа како нејзината мајка понекогаш крадела за да го прехрани своето семејство од 5 деца.

„Крадевме храна од локалната продавница бидејќи немавме пари“, признала Џесика, додавајќи дека некои луѓе знаеле дека краде, но не ја спречиле.

„Љубезноста е насекаде, сега сме добро бидејќи луѓето ја штитеа мојата мајка“, додала таа.

Тоа е љубезноста која Честејн во целост има намера да ја возврати.

„Имаше луѓе кои видоа дека се мачам како дете и ми помогнаа. И затоа сум тука каде што сум. Бидејќи доаѓам од такво место, знам како е и тоа ме лути. И не сакам на било кој друг да му биде било што ускратено, во смисла на глас, да биде виден, да биде признат и да биде ценет“.

- АУДИО РЕКЛАМА -