Трагедија во Бразил: Се откопуваат старите гробови за во нив да биде погребани новите жртви од коронавирус

Најголемиот град во Бразил, Сао Паоло, од вчера ги интензивира обидите за ослободување на старите гробници за да се ослободи простор за растечкиот број на нови жртви од КОВИД-19, а општината оваа недела регистрираше рекорден број погреби, објави Ројтерс.

Гробарите на гробиштата во северните предградија на Сао Паоло работат во заштитни комбинезони, бидејќи отвораат гробови од пред многу години, ги отстрануваат остатоците од мртвите и ги префрлаат на нова локација.

Google search engine

Операцијата за преместување е итна, бидејќи Бразил е во средината на најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата пред една година.

Министерството за здравство вчера објави 3.769 смртни случаи, што е близу до рекордниот број умрени за еден ден.

Боливија вчера објави дека ги затвора границите со Бразил поради страв од трансфер на нова варијанта на болеста пронајдена таму.

Биомедицинскиот институт Бутантан објави за новата верзија во средата, додавајќи дека таа има слични карактеристики со јужноафриканската верзија и е поотпорна на постојните вакцини.

Чиле вчера исто така ги затвори своите граници за странците и го засили заклучувањето, со регистрирани повеќе од еден милион случаи.

Тоа што се случува во Бразил е глобална закана, рече Хозе Мигел Бернучи, секретар на чилеанската национална медицинска асоцијација.

Земјите во регионот се загрижени дека во Бразил се развиваат нови варијанти на коронавирус, поради зголемениот број случаи и одбивањето на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да поддржи носење заштитни маски и наметнување заклучување.

Ширењето на инфекцијата во Бразил е на второ место, по бројките во Соединетите држави, а во изминатата недела имало просечно по 3.100 смртни случаи и 74.000 нови случаи на ден, што е пораст што постојано се зголемува од февруари.

Во Сао Паоло се одржуваат и ноќни погреби за да им обслужат на многуте семејства што чекаат, а издадено е дозвола и парковите на гробиштата да бидат отворени до 22 часот.

Оваа недела гробарите на гробиштата Вила Формоза со маски и полни заштитни екипи откопуваат ред по ред гробници под светлата на рефлекторите и светлината на месечината.

Тогаш пристигнуваат новите ковчези, еден по друг под очите на маскираните роднини.

Во вторникот имаше 419 погребувања во Сао Паоло, најмногу од почетокот на пандемијата. Доколку погребите продолжат со исто темпо, градските власти ќе мора да преземат дополнителни мерки.

Во Бразил во моментот околу една четвртина од сите смртни случаи се должат на КОВИД-19, повеќе од која било друга земја.

Експертите предупредуваат дека ситуацијата ќе продолжи да се влошува поради недоволното ограничување на движењето и бавната дистрибуција на вакцините.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека бразилските болници се во критична состојба и дека многу оддели за интензивна нега се полни 90 проценти.