Четири деца загинале, а пет се повредени кога паднале од гумен замок на надувување што силен ветер го подигнал во воздух во Австралија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во основно училиште во Девенпорт, Тасманија, јави ББЦ.
Според полицијата децата паднале од висина од околу 10 метри.
Надлежните не ја соопштија возраста на повредените деца, но беше соопштено дека се работи за две девојчиња и две момчиња.
Командантот на тасманската полиција Деби Вилијамс ја опиша сцената како многу вознемирувачка, а австралискиот премиер Скот Морисон рече дека несреќата била „незамисливо шокантна“.
Болничарите брзо пристигнале во паркот по несреќата, која се случила околу 10 часот по локално време.
На децата им била укажана прва помош, по што со хеликоптер биле префрлени во болница. Трагедијата се случила во последниот ден од учебната година.
Државниот премиер Питер Гетвин рече дека властите ќе објават нови информации во текот на денот.
Девенпорт се наоѓа на северниот брег на Тасманија. Тоа е мал град со нешто помалку од 30.000 жители.