Тотална паника во Британија: Купуваат бензини како да е последно, владата планира да ангажира војска за да ја смири ситуацијата

Британската влада има намера, за секој случај, да ја мобилизира војска која ќе ја контролира ситуацијата во земја каде има недостаток на бензин.

Бидејќи паничното купување на бензин продолжи на почетокот на неделата, и покрај апелите на владините функционери да се контролираат купувачите, владата сега планира да ја ангажира армијата за да го одржува редот, изјави извор од Вајтхол за Скај њуз.

Google search engine

Претходно, нафтените компании излегоа со заедничка изјава во која ги повикаа возачите да купуваат бензин како и обично, бидејќи го има доволно.

Има доволно горива во британските рафинерии и во пумпите и ние, како индустрија, соработуваме тесно со владата за да го направиме горивото достапно и доставено до пумпите во земјата. Бидејќи многу автомобили сега имаат повеќе гориво од вообичаеното, очекуваме побарувачката да се врати во нормала и ќе се намали притисокот на бензинските пумпи. Ги повикуваме сите да купуваат гориво како и обично, се вели во соопштението на водечките светски нафтени компании.

Паничното пазарење доведе до тоа многу индустрии, од таксисти, преку касапи до фудбалери, да имаат деловни проблеми, а здравствени установи да бараат приоритет во набавката на гориво.

Владата мора да ја преземе контролата. Основните работници мора да дојдат до своите работни места за да можат да ги обезбедат услугите од кои зависат многумина, рече синдикатот на здравствените работници.