Топлес фотографиите на една од најбараните манекенки на светот ги „преплавија“ светските медиуми

26-годишната канадска манекенка Вини Харлоу била „фатена“ во Мексико на една фотосесија, на која позирала на кревет за масажа, а во еден момент покажала повеќе отколку што сакала.

Папараците ја следат манекенката каде и да се наоѓа, а во текот на последното фотографирање додека се пресоблекувала, ја фотографирале во топлес издание.

Згодната Вини малку ѝ оставила на фантазијата додека се масирала и воедно ја снимала новата реклама. Таа ги покрила грбот и задникот со пешкир, додека со рацете ги криела градите додека лежела на креветот.

Манекенката позирала без шминка, а фановите велат дека е прекрасна и дека не е ни чудно што во 2018 година се појави на ревијата на „Victoria’s Secret“.

Харлоу во 2014 година ја открила познатата манекенка Тајра Бенкс на Инстаграм. Таа учествувала во емисијата „America’s Next Top Model“ и била првата Канаѓанка која влегла помеѓу 14-те финалистки на овој натпревар.