Топ 5 причини зошто жените изневеруваат, а зошто мажите – и кога точно почнува неверството!

Откриени се петте главни причини зошто жените изневеруваат, како и фактот дека жените ‘почнуваат да лутаат’ отприлика после третата година од бракот – се покажало во новото истражување на страницата „Illicit Encounters“, спроведено на 2.000 луѓе.

Освен тоа, во него се анализирани и митовите на мажите за изневерување, а високо на скалата и кај едните и кај другите е досасата во односот, пренесува „The Sun“.

Google search engine

Повеќето мажи кои учествувале биле верни, но имало и такви кои не биле толку многу посветени. Интересно е тоа што причините зошто мажите изневеруваат биле многу различни, а момците недостатокот од секс го именувале како главна причина за изневерување на постојаната партнерка, додека жените не го навеле истото во своите пет причини.

Студијата струшила и еден популарен мит – дека на мажите им е потешко да останат верни. Имено, тие ‘тргнуваат во неверство’ обично после 3 години и 10 месеци брак, односно подоцна од жените.

Топ 5 причини зошто жените изневеруваат

– Досада (немаат теми за разговор со партнерот)
– Се оддалечуваат поради поминување премногу време заедно за време на карантинот
– Поврзување со поранешниот партнер преку социјалните мрежи
– ‘Се променив во бракот’
– Се случи бидејќи бев пијана

Топ 5 причини зошто мажите изневеруваат

– Потребно им е повеќе секс
– Досада
– Премлад сум само за една партнерка
– Запознав некој друг надвор
– Мојот пријател изневери, па се чувствував како нешто да пропуштам

Изгледа дека затворањето дома резултира со лоши односи помеѓу партнерите и меѓусебно оддалечување. Интересно е тоа што, иако изневеруваат, повеќето луѓе кои го прават тоа остануваат со партнерот, а како главна причина за останувањето ги наведуваат лошите финансии и фактот дека не можат да си дозволат самостоен живот.