Откако успеа да го победи ракот, Маја Волк се колне во исхраната со сирова храна.
Нејзиниот совет за здрава исхрана ја промени свеста на многу луѓе, но има и такви кои не сакаат да се хранат на овој начин, правдајќи се со високата цена на оваа диета.
Таа редовно споделува рецепти со своите следбеници на својот канал на Јутјуб, а во еден од нив зборува и за слабеењето и целулитот. Доколку сакате да го стопите салото и да бидете подготвени за летната сезона, задолжително запишете го овој рецепт.
Сок од грејпфрут и ѓумбир
Потребни состојки:
– 2 грејпфрути (бел и црвен)
– корен од ѓумбир

Подготовка:
Сè измешајте или исцедете и разредете во малку вода. Ќе добиете половина литар сок. Пијте го овој сок наместо појадок.
Маја гарантира дека нема да чувствувате глад и дека ќе ослабнете и до половина килограм дневно. Меѓутоа, таа вели дека без вежбање нема резултати.