Токајев посебно му се заблагодарил на Путин: Над казахстанското небо се појавиле повеќе од 70 руски авиони!

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токајев, трет пат и се обратил на нацијата по повод ситуацијата во земјата. Тој рекол дека само Алмати бил нападнат од 20.000 терористи, дека тие се уште не се предале и дека антитерористичката операција продолжува.

“Кој не го положи оружјето ќе биде ликвидиран”, порачал Токајев во ТВ обраќање.

Google search engine

“Од клучно значење е да е да сфати зошто државата ја преспа илегалната подготовка на терористичка акции. Само Алмати го нападнаа 20.000 бандити”, рекол тој.

Претседателот додал дека издал наредба на силите за безбедност и војската да отвораат оган на терористите без предупредување, како и дека властите жестоко ќе реагираат на секој обид да нанесе штета на уставниот поредок во земјата.

Според неговите зборови, Казахстан има работа како со домашни, така и со странски терористи.

“Имаме работа со вооружени и подготвени бандити, како локални, така и странски. Со бандити-терористи. Поради тоа треба да се уништат”, одлучен е Токајев.

Според неговите зборови, сите барања на граѓаните кои мирно протестирале се слушнати. Приведените лица, како што рекол, ќе бидат повикани на најстрога кривична одговорност. Воведената вонредна состојба во земјата дава резултати и во државата повторно се воспоставува уставен поредок. Подготвен е за спроведување на реформи.

Му се заблагодарил на претседателот на Русија Владимир Путин на оперативната реакција на барање за помош на Казахстан, како и на другите лидери на државите членки на ОДКБ за поддршка.

“Посебно му се заблагодарувам на претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој многу оперативно, и што е најважно пријателски реагираше на мојата молба”, рекол претседателот.

Повеќе од 70 авиони префрлаат руски сили во Казастан

Повеќе од 70 авиони “Il-76” и пет авиони “An-124” во Казахстан префрлаат единици на рускиот контингент во рамките на силите на ОДКБ, соопштил претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Канешенков.

“Воздушната група која ја формираше Министерството за одбрана на Русија 24 часа на дневно префрла единици на рускиот контингент на мировните сили на ОДКБ во Казахстан”, рекол Конашенков, пренесува “РИА Новости”.

Истовремено, Министерството за одбрана на Русија соопштило дека руските мировни сили им помогнале на силите за безбедност на Авганистан да преземат целосна контрола над аеродромот во Алмати.

Претходно било соопштено дека руските мировници ќе ги чуваат владините згради и ќе и помагаат на казахстанската војска во одржувањето на редот.

Телевизијата “Habar24” јавува дека терористите во Алмати продолжуваат да пружаат вооружен отпор и дека властите ги повикуваат граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Во градот Талдикорган вооружените групи се обиделе да нападнат затвор, но нападот бил одбиен.

Во Актау самите демонстрантите ги повикале насобраните да си заминат, еден дел од шаторот и оградата биле отстранети, но на централниот плоштад има уште луѓе.

Во меѓувреме биле обновени меѓународните и домашните летови од и на аеродромот во Нур-Султан, а стабилизиран е и железничкиот сообраќај. Штетата направена во текот на повеќедневните протести се проценува на 100 милиони долари.

Потсетуваме, во Казахстан на 2-ри јануари избиле демонстрации поради драстичниот скок на цените на гасот, а потоа истите прераснале во нереди. Претседателот Токајев се обрадил во ОДКБ за помош.

- АУДИО РЕКЛАМА -