Бил Гејтс, поранешниот шеф на Мајкрософт, го предвиде доаѓањето на Ковид 19, а сега повторно предупредува дека корона вирусот не е последната закана со која ќе се соочиме. Иднината ќе биде посмртоносна.
Пред седум години го предупреди светот и официјалните лица дека мора да бидат подготвени за потенцијална пандемија, а на крајот се испостави дека бил во право, само што владите не го послушаа, пренесува хрватскиот Т портал.
Ако во следните децении нешто усмрти повеќе од десет милиони луѓе, тоа пред се ќе биде заразен вирус наместо војна, предупреди Гејтс во 2015 година, додавајќи дека сите сме инвестирале премалку во системи што може да ја запре епидемијата. Со други зборови, едноставно не сме подготвени за тоа – рече тој.
Тој во неколку наврати ги повика светските влади да работат на спречување на ширење на идни инфекции и пандемии, кои, како што предвидува, ќе бидат посмртоносни од сегашните. Додека светот реагира на предизвикот поставен од вирусот што брзо се менува, потребата од алатки за спасување животи никогаш досега не била поголема, рече тој минатата недела.
Нашето искуство во изминатите 20 години не научи дека раните инвестиции во истражување и развој можат да спасат животи и да ги спречат најлошите сценарија, рече Гејтс и додаде дека се вложуваат големи средства да се помогне во развојот на сигурни и ефикасни вакцини против новите варијанти на коронавирусот, како и светот да го подготви да ја запре следната пандемија.
Сепак во интервјуто со Дерек Милер на неговиот канал на Јутуб, Бил Гејтс доби прашање за следниот голем предизвик за човештвото.
Неговиот одговор беше дека се тоа климатските промени.
Секоја година ќе се среќаваме со сè поголем број жртви и во одреден момент ќе ги надминеме загубите што ги имавме за време на пандемијата – одговори тој.
Друга работа поврзана со пандемии за која луѓето не сакаат да зборуваат е биотероризмот. Значи, деструктивниот потенцијал што го има поединецот или организацијата која што може да произведе вирус. Со други зборови, шансите да се сретнеме со нешто вакво се многу поголеми од природните вируси како овој – заклучува Гејтс.