„Одбивањето да и се даде на Украина статус на кандидат за членство во Европската унија би значело мамење на Украина од Европа“, изјави украинскиот министер за надворешни работи на оваа земја, Димитриј Кулеба.
Тој за Financial Times изјави дека „Украина летово очекува да добие статус на кандидат за влез во Европската унија и дека ако не добие статус на кандидат, тоа ќе значи само едно едно – дека Европа се обидува да ја измами“, објави UNIAN.
„Тоа нема да можеме да го проголтнеме“, додаде Кулеба.
Според неговата проценка, Украина е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ и тоа треба да се почитува.