ТОА ЌЕ ЗНАЧИ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА Медведев објаснува што ќе се случи ако Крим биде нападнат

А, ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа, рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, за новинската интернет страница Аргументи и Факти.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја-членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до Трета светска војна.

Google search engine

– За нас, Крим е дел од Русија. А, тоа значи засекогаш. Секој обид за продирање на Крим е објава на војна во нашата држава…А, ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа – рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, за новинската интернет страница Аргументи и Факти.

Тој исто така рече дека Русија, доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена за одмазда“, а тоа би можело да ја вклучи можноста за поставување хиперсонични ракети Искандер на „нивниот праг“.

- АУДИО РЕКЛАМА -