Тим Кук: Се плашам да не дојде до катастрофа со социјалните мрежи

Технолошките гиганти Apple и Facebook ја продолжуваат својата „војна“ со изјави, водени, се разбира, од Тим Кук и Марк Цукерберг.

Имено, Apple неодамна ги критикуваше промените во приватноста што ги воведува Facebook, сметајќи дека тие се на штета на корисниците и дека само огласувачите водени од профитот ќе бидат задоволни од нив.

Google search engine

Одговорот од Facebook беше прилично остар, па дури отидоа дотаму да закупат реклами во некои од најпознатите светски весници, со цел да им се спротивстават на ривалите и да кажат што имаат.

Имено, Apple им овозможи на корисниците на iOS да одберат дали и во колкава мера ќе дозволат нивните податоци да се споделуваат со разни реклами. Facebook смета дека ова претставува закана за „малите бизниси“, кои ги користат социјалните медиуми за да допрат до клиентиte.

Нови отворени стрели летаа од Тим Кук, кога на конференцијата “Computers, Privacy and Data Protection” изјави дека не смееме да ја занемариме теоријата дека колку подолго се користи некоја технологија за да се соберат што повеќе податоци, толку подобро.

Тој истакна дека, токму поради тоа, на интернет кружат разни погрешни теории на дезинформации и заговор, бидејќи алгоритмот е дизајниран да им обезбеди на сите она што сакаат да го видат и слушнат, па дури и екстремистите.

„Таквиот пристап има своја цена, а тоа се поларизација, изгубена доверба и насилство“, нагласи Кук.

Тој исто така истакна дека „социјалната дилема“ не смее да стане социјална катастрофа, алудирајќи на неодамна објавениот филм „Социјална дилема“, кој се занимава со влијанието на социјалните мрежи врз психологијата на луѓето.

„На кого му припаѓа иднината? На оние кои развиваат иновации или на оние кои го ставаат нашето внимание во преден план и исклучуваат сè друго, будат страв и екстремизам, само за да ни покажат уште повеќе огласи?“, запраша Кук.

- АУДИО РЕКЛАМА -