The Guardian: Најголем дел од дезинформациите за вакцината против Ковид-19 доаѓаат од само 12 луѓе

„The Guardian“ истакнува дека 12 луѓе кои се активни по пат на интернет успеале да придобијат бројни следбеници по пат на многу социјални платформи каде ги следат повеќе од 59 милиони луѓе.

Извештајот кој го подготвил американско-британскиот Центар за сузбивање на дигитална омраза (CCDH) открил дека поголем дел од дезинформациите за коронавирусот и теориите на заговор за вакцините против Ковид-19 потекнуваат од само 12 луѓе.

Google search engine

Британски „The Guardian“, кој ја пренел оваа вест наведува дека во извештајот од „CCDH“, заедничка британско-американска невладина организација основана во март оваа година, истакнува дека 12 личности, кои се активни по пат на интернет, успеале да добијат многубројни следбеници по пат на многу социјални платформи каде ги следат над 59 милиони луѓе.

Антиваксерски содржини

Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор оваа седмица ги спомнал лажните информации за вакцините, кои смета дека се една од главните причини за ширењето на вирусот во САД.

Според извештајот, групата има најголемо внимание на Фејсбук каде е утврдено дека нејзините членови се одговорни за 73 отсто од целокупните антиваксерски содржини, без оглед на фактот што американската влада и нејзините регулаторни агенции сметаат дека вакцините се сигурни и делуваат против коронавирусот.

Меѓу 12-те личности одговорни за содржините на интернет за вакцините против коронавирусот, според извештајот на „The Guardian“ се наоѓаат и лекари, бодибилдери, блогери за здравје, верски фанатици, а има и такви кои сметаат дека има поврзаност меѓу вакцината против коронавирусот и аутизмот, како и 5G мрежата и избивањето на пандемијата на коронавирусот.

Се преземаат мерки за отстранување на таквите објави

„The Guardian“ пренесува дека некои платформи на социјалните мрежи презеле мерки за отстранување на многу од таквите лажни објави, а една од платформите избришала профили од тројцата од вкупно 12-те дезинформатори.

„CCDH“ ги повикал Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб да ги укинат профилите од луѓето кои се одговорни за ширење на дезинформациите за кои Центарот смета дека се опасни и дека истите имаат клучна улога во колебањето на граѓаните да ја примаат вакцината против коронавирусот во клучниот момент од борбата со оваа пандемија.