Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос – работење без придонеси, нерегистрирана фирма…

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи нерегистрирана.

Градските власти информираа дека јавниот превоз ќе продолжи со работа по „скенирањето на состојбите, создадени од претходните раководни структури“.

Google search engine

„Се известуваат граѓаните и пошироката јавност дека поради хаосот, работење без да се платат придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи нерегистрирана, а вработените наместо во ЈП Тетово транспорт се наведени како вработени во Општината, како и поради многубројни неправилности, привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот со неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се вели во соопштението од општината.

Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива во август, годинава, во време на претходната градоначалничка, Теута Арифи. Набавени беа пет автобуси во вредност од 720 илјади евра.

- АУДИО РЕКЛАМА -