Тетовец загина во тешка сообраќајна незгода на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишен тетовец загина во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Во несреќата учествувале три патнички возила и товарно возило.

Google search engine

Од СВР Тетово информираа дека две лица се повредени.

„На местото на несреќата животот го загуби Ф. Р. (45) од Тетово. Повредени се Е. К. (22) од Тетово, кој имал тешка телесна повреда – скршеница на ногата, како и Е. Љ. (31), исто од Тетово, која добила потрес на мозокот и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, ќе се изврши обдукција кај починатото лице.

Во тек е истрага за утврдување на причините поради кои дошло до несреќата.

ПретходнаЌерката на Хајди Клум во провокативно издание, сите прашуваат дали тоа е легално
СледнаEдно од последните гета во Европа: Стари згради, болести и сиромаштија