Аргентина е новиот светски шампион во фудбал по возбудливото финале на Светското првенство против Франција. По продолженијата резултатот беше израмнет (3:3), но на пенали Аргентина победи со резултат 4:2.
Лионел Меси како најдобар играч на овој Мундијал постигна два гола и со тоа се приближи до статусот најдобар фудбалер на сите времиња. Сите погледи на светот беа вперени кон него особено затоа што ова му беше последно Светско првенство на кое играше во својата играчка кариера.
Најголемиот поддржувач на Меси од трибините во текот на целиот турнир беше неговата сопруга Антонела Рокоцо.
Фотографите ја фотографираа на трибините во познатиот дрес со број 10, кој го носи и нејзиниот сопруг, но и на теренот по освојувањето на турнирот, славејќи со сопругот.

Инаку, сегашната сопруга Меси ја запознал уште кога бил дете, кога имал пет-шест години, а веќе и рекол дека е вљубен во неа кога имал девет години. Тие се запознале благодарение на братучедот на Антонела, кој е најдобар пријател на Меси. Сепак, на 13 години мораше да ја напушти земјата.
„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и иднината на сите зависи од вас. Беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко е да оставам се зад себе: моите пријатели, остатокот од моето семејство, моето детство. Стигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав практично од нула“, изјави еднаш Меси во едно интервју.
И тој и Антонела продолжија со својот живот. Лионел изгради фудбалска кариера, а Антонела се посвети на образованието. Се запишала на стоматологија и се впуштила во емотивна врска со друг маж, но судбината ги испреплетела прстите и ги споила поради трагичен настан.
Имено, најдобрата пријателка на Антонела починала во 2005 година. Поради таа трагедија паднала во депресија, престанала да оди на факултет, поради што Меси се вратил во Аргентина да ја поддржи.
Во меѓувреме го оставила своето момче и му дала шанса, а другото е историја. Ме остави, но барем не ме остави поради никој, туку поради Меси“, изјави еднаш нејзиниот поранешен партнер.
View this post on Instagram
Двојката долго време ја криеше својата врска, за да им признае на сите во 2009 година. Тие се венчаа во 2017 година, а пет години пред тоа пристигна нивниот прв син Тиаго, во 2015 година вториот син Матео, а една година по свадбата и третиот – Киро.