Тешки зборови на рускиот дипломат пред разговорот меѓу Путин и Џонсон: „Не и веруваме на британската дипломатија“

Додека британскиот премиер Борис Џонсон се подготвува за разговор со претседателот на Русија Владимир Путин, за да се обиде да ги смири тензиите околу Украина, еден руски дипломат порачува дека нема доверба во британската дипломатија.

„Секогаш има простор за дипломатија, но искрено, ние не и веруваме на британската дипломатија. Сметам дека последните години покажаа дека е апсолутно безвредна“, рекол Дмитриј Полански, заменик руски амбасадор при Обединетите Нации.

Google search engine

Полански рекол дека не сака никого да навреди.

„Навистина не сакам. Посебно не моите добри пријатели, британските дипломати, но навистина, не постигнаа некои резултати“, објаснува Полански.

Потсетуваме, Џонсон и Путин денеска треба да разговараат телефонски во обид да пронајдат диполоматско решение околу Украина.

Полански вели дека Западот ја “пренапумпал” целата ситуација, истакнувајќи дека “секој ден се зголемува бројот на руски војници во близина на границата со Украина”.

„Вчера велеа дека се 100.000, денеска се веќе 130.000. Не знам од каде ги црпат тие податоци и ги земаат тие броеви, и навистина не веруваме во безбедносните информации од САД и Велика Британија“, рекол Полански и додал дека мисли дека ова е истата тајна служба “која тврдела дека Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување”.

„Хистеријата не престанува, таа апсолутно се случува во главите на западните политичари, а не на терен“, рекол Полански.

“Кога мижите тешко дека нешто ќе видите. Не можете да читате книга со затворени очи. На нашите американски пријатели останува дали ќе ги отворат очите или ќе продолжат да се прават слепи”, порачал рускиот дипломат.

Потсетуваме, Путин вчера рекол дека, од одговорот на САД за безбедносните гаранции кои ги барала Русија, сосема е јасно дека американската страна ја игнорирала фундаменталната загриженост на Русија.

„Јасно е дека фундаменталната загриженост на Русија е игнорирана. Не видовме адекватно разгледување на нашите три клучни барања“, рекол Путин.