Тешки обвинувања од Лондон: Роман Абрамовиќ е шпион на Владимир Путин, претседателот на Русија стои зад купувањето на Челзи!

Познатиот руски милијардер, Роман Абрамовиќ (55 г.), сопственик на фудбалската екипа Челзи, неодамна се соочи со тешки обвинувања за шпионажа во Англија.

Иако Абрамович во последните години не се многу разоткрива и појавува во јавноста, неколку британски медиуми го обвинија дека е близок роднина на рускиот претседател, Владимир Путин, и дека со тоа тој шпионира за Русија. Во пишувањата се споменува и дека Путин стои зад преземањето и купувањето на Челзи од страна на Абрамович во 2003 година.

Google search engine

Сите овие информации пред да стигнат до медиумите се објавени во книга во која се појавија сведоштва на неколку луѓе за овие настани.

Абрамович ги тужеше авторите на книгата, кои мораа јавно да се извинат откако судот пресуди дека се обвинети за лажни информации презентирани во јавноста.

Роман Абрамович во последните години го води Челзи од сенка, повлекувајќи се во втор план, а наместо тоа сите работи околу клубот ги води 46-годишната русинка, Марина Грановскаја.

ПретходнаПознатиот музеј исмеан поради восочната фигура на пејачката, препознавате ли за кој станува збор?
СледнаУапсен познат грчки водител, објавувал снимки со секс со поранешните девојки без нивна дозвола (фото)