Тепање во гостиварската болница: Нападнато медицинско лице

Полицијата повикала на разговор бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Google search engine

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

- АУДИО РЕКЛАМА -