Тепачка избила во „КАМ“ маркет кој се наоѓа во Дебар маало, помеѓу вработен и купувач. Според видеото кое го објави „А1он“ се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а негови колешки, се обидуваат да го оттргнат.
Случајот бил пријавен и во полиција.
„В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегло маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало“, велат од МВР за „А1он“.
Деми Мур (60) во неделата на социјалните мрежи му честиташе на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис неговиот 68 роденден.
- Среќен роденден, Б.В.! Мило...