Тепачка во авион на лет од Приштина до Базел: Патниците ја продолжиле пресметката и на аеродром

Во авионот на летот од Приштина до Базел, во саботата попладне, дошло до тепачка помеѓу патници, пренесува швајцарскиот портал на албански јазик „Кантон 27“.

Веста е поткрепена со видео кое е објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како постар човек се тепа со неколку лица во авионот, пред еден маж да го совлада.

Google search engine

Се слушаат и врисоци на жени и деца.

 

Според пишувањата на порталот, станувало збор за тепачка која продолжила и по слетувањето на аеродромот во Базел. Имено, патниците што се карале повторно се степале среде аеродром.

Како што пренесува дневникот, поради тепачката се уапсени двајца мажи.

ПретходнаВојници на НАТО по грешка упаднале во фабрика во Бугарија, луѓето се треселе од страв
Следна„Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија