ТЕОДОСИЌ СЕ ТЕПА СО НАВИВАЧИТЕ! Голем СКАНДАЛ: Српскиот кошаркар влетал на трибините и удира две лица!

Кошаркарите на Олимпија Милано го победија Виртус Болоња со резултат 79:76 во вториот меч од финалето на италијанската „Палаканестра“ и поведоа со 2:0 во финалната серија.

За жал, во епицентарот на скандалот по овој меч беше српскиот кошаркар Милош Теодосиќ.

Google search engine

Теодосиќ по натпреварот се степал со навивачите на Армани. Како што може да се види на видеото, српскиот плејмејкер е на пат кон тунелот, најверојатно лут поради поразот и навредите од трибините, налетал на навивачите и почнал физички да се пресмета со нив.