Тенк влета на плажа додека луѓе лежеа на пешкири и се сончаа во рускиот град Тјумен.
Мирниот летен ден ненадејно го прекинал тенк Т-72 на руската армија, кој двапати без застанување налетал на луѓе на плажата.
Според пишувањата на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак, доаѓањето на тенкот Т-72 и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина.
Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби.
Near #Tyumen, a tank went straight to the beach near the lake, where people were resting. pic.twitter.com/lQUlXDrbvl
— NEXTA (@nexta_tv) July 10, 2023
„Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување дојде тенк со полна брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец.
Од военото училиште, пак, тврдат дека областа е забранета за собирање цивили.
„Ништо не се случи”. Ова е територија на Министерството за одбрана и во тој простор е забрането собирање и капење на цивили. Целата област беше раскопана. Ова е нашиот терен за обука. Тенкот едноставно излезе од шумата, се сврте и се врати назад, тоа е сè. Никој никому не се заканувал“, соопштија од Военото училиште.