Таткото на познатите Јутјуберки Анѓела и Наѓа, Зоран Ѓорѓевиќ, ја вознемири јавноста со своето обраќање, во кое вели дека неговите ќерки исчезнале во Франција.
Имено, Зоран денеска изјави дека од вчера нема информации за ќерките чии телефони се исклучени. Како што вели, исчезнале и неговата сопруга и братучед.
Анѓела и Наѓа се девојки од Пожаревац, кои живеат во Париз и кои доминираат во балканската Јутјуб заедница.
Судејќи според веб-страницата „socialblade.com“, месечно од Јутјуб заработуваат најмалку 5.000 долари. Тие се нашле во центарот на вниманието кога ја објавиле песната „Ола Оле“.
Овие жени од Пожаревац со семејството се преселиле во Франција во 2012 година, заедничкиот Јутјуб канал Anđela & Nađa го започнале кога биле малолетни, во 2016 година, а сега имаат речиси милион следбеници.

Започнале со интересни клипови – од средување на собата, избор на аутфит за на училиште, средување нокти…
Инаку, за сè што снимаат имаат голема поддршка од татко им, кој еднаш дури имал и јавна расправија со Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, кој во негово видео ги исмевал сестрите и една од нивните неколку песни што ги снимале.
Тие две пиеле вода од ВЦ школка, прскале лимони во очи, пробувале храна во најлошо оценети ресторани, прифатиле одредени предизвици во градот среде ноќ…
Тие биле многу активни и на социјалната мрежа Инстаграм и двете имаат по 400.000 следбеници.