Талибаните седат на трилион долари вредни минерали кои на светот очајнички му требаат. Почнува битката за богатсвото на Авганистан!?

Молскавичното талибанско освојување на Авганистан, две децении по американската инвазија врз земјата, предизвика политичка и хуманитарна криза, а експертите за безбедност се прашуваат што ќе се случи со огромното неискористено минерално богатство на Авганистан. Таа е една од најсиромашните земји во светот. Но, во 2010 година, американски воени претставници и геолози открија дека Авганистан има наоѓалишта на минерали во вредност од речиси трилион долари, што може драматично да го промени нејзиниот економски изглед, пишува CNN .

Залихите од железо, бакар и злато беа расфрлани низ провинциите. Исто така, постојат ретки земјени минерали и, можеби најважно, едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот, основни компоненти за полнење на батериите и други технологии од витално значење за справување со климатската криза.

Google search engine

Авганистан е секако област богата со традиционални скапоцени метали, но и метали потребни за претстојната економија на 21 век, рече Род Шуновер, научник и експерт за безбедност, кој ја основа Групата за еколошка иднина.

Безбедносните предизвици, недостатокот на инфраструктура и тешките суши спречија експлоатација на највредните минерали во минатото. Тоа најверојатно нема да се промени во скоро време, дури и под контрола на Талибанците. Сепак, постои интерес од неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Пакистан и Индија, и кои би можеле да се обидат да се вклучат и покрај хаосот.

Меѓународната агенција за енергија во мај соопшти дека глобалните залихи на литиум, бакар, никел, кобалт и други ретки земјени елементи мора нагло да се зголемат, во спротивно светот ќе пропадне во обид да се справи со климатската криза. Три земји, Кина, Демократска Република Конго и Австралија, во моментов учествуваат со 75 проценти од глобалното производство на литиум, кобалт и ретки елементи. Просечниот електричен автомобил бара шест пати повеќе минерали отколку конвенционалниот автомобил. Литиум, никел и кобалт се клучни за батериите. Електричните мрежи, исто така, бараат големи количини на бакар и алуминиум, додека ретките земјени елементите се користат во магнетите потребни за работа со турбини на ветер. Наводно, американската влада процени дека депозитите на литиум во Авганистан можат да се споредат со оние во Боливија, каде што се наоѓаат најголемите резерви во светот.

Ако Авганистан има мир неколку години, дозволувајќи развој и експлатација на своите минерални суровини, би можел да стане една од најбогатите земји во областа во рок од десет години, рече Мирзад од Геолошкиот институт на САД за Science во 2010 година.

До таков мир не дојде, а поголемиот дел од минералното богатство на Авганистан остана неискористено, рече Мосин Кан, соработник во Атлантскиот совет и поранешен директор за Блискиот Исток и Централна Азија во Меѓународниот монетарен фонд.

Иако има експлоатација на злато, бакар и железо, експлоатацијата на литиум и ретки минерали бара многу поголеми инвестиции и техничко знаење, како и време. Се проценува дека во просек се потребни 16 години од откривањето на локацијата до почетокот на рудната експлатација. Според Кан, од минералите во Авганистан се остваруваат само една милијарда долари приход годишно. Тој проценува дека 30 до 40 проценти се губат поради корупција, а исто толку земаат локалните команданти и Талибанците кои контролираат мали рударски проекти.

Сепак, постои шанса Талибанците да ја искористат својата нова моќ за развој на рударскиот сектор, смета Шуновер.

Талибанците ја презедоа власта, но трансформацијата од бунтовничка група во национална влада нема да биде лесна. Функционалното управување со новоформираниот минерален сектор најверојатно нема да се случи уште многу години”, изјави Џозеф Паркс, аналитичар за азиска безбедност во Verisk Maplecroft.