Талибанците сеат страв низ Кабул: Одат од врата до врата, се закануваат и ги бараат луѓето од нивната „црна листа“

По освојувањето на Кабул, Талибанците се во потрага по луѓето кои работеле за НАТО или претходно во авганистанската влада, се наведува во предупредувачкиот документ од ОН.

Во документот се наведува дека милитантите одат од врата до врата во потрага по „метите“ и им се закануваат на членовите на нивните семејства.

Google search engine

Откако ја презедоа власта, Талибанците се обидуваат да ги убедат Авганистанците дека „нема да има одмазда“, но како што пренесува „BBC“ постои страв дека тие не се смениле многу од 90-те години до сега.

Во предупредувачкиот документ пишува: 

„Има многу луѓе кои Талибанците ги таргетирале и заканите се кристално јасни. Пишува дека Талибанците, доколку не се предаваат, ќе ги уапсат и процесуираат, ќе ги испрашуваат и казнат членовите на нивните семејства“, изјавил за „BBC“ Кристијан Нелеман кој е во групата која го направила извештајот.

Тој исто така предупредил и дека сите оние кои се наоѓаат на црната листа на Талибанците се во опасност дека може да дојде до масовна егзекуција.

Странските сили продолжуваат со напорите своите државјани да ги преземат од Авганистан.

Функционер на НАТО изјавил дека повеќе од 18.000 луѓе биле евакуирани од аеродромот во Кабул во последните пет дена.

Целта е напорите за евакуација да бидат двојни во текот на викендов.