Tајван: Воз со 350 луѓе излета од шините, загинаа најмалку 36 лица

Најмалку 36 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога воз излета од шините во тунел во источен Тајван.

Како што пренесуваат светските медиуми, возот се излизгал од шините, а со еден дел од вагоните удрил во страните од тунелот, објави противпожарната служба.

Google search engine

За време на несреќата, во возот имало 350 патници.

Од првите четири вагони беа евакуирани 80 до 100 лица, додека е многу тешко да се пристапи до преостанатите четири вагони кои се доеформирани и тешко пристапни, јавуваат светските медиуми.