Министерството за одбрана на Велика Британија го објави својот редовен разузнавачки извештај со кој секојдневно ја известува јавноста за најновите настани и моменти за војната во Украина.
Новите информации на британските служби сугерираат дека размерите на уништувањето во Чернихив се застрашувачки знак за следните недели.
Се проценува дека околу 3.500 згради биле уништени во регионот северно од Киев, а 80 отсто од таа штета е предизвикана на станбени објекти. Размерите на оваа штета укажуваат на подготвеноста на Русија да користи артилерија во населените области.
Русија веројатно прибегна кон зголемено потпирање на неселективно артилериско бомбардирање поради ограничената способност да освојува цели и неподготвеноста да ризикува да лета со борбени авиони надвор од нејзината линија на фронтот.
Во следните недели, Русија најверојатно ќе продолжи многу да се потпира на масивни артилериски напади додека се обидува да ја врати динамиката во својот напредок во Донбас.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 17 May 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/GwwPZ9lX8D
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/PuqLnVGj0Q
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 17, 2022