Тајниот живот на Сергеј Лавров: Луксузни патувања и љубовница милионерка (видео)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја носеше својата љубовница милионерка во странство повеќе од 60 пати, оправдувајќи го тоа со „дипломатски мисии“ и финансирајќи го нејзиниот луксузен начин на живот, тврди рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Актерката и реставратор Светлана Полјакова, која има висока позиција во Министерството за надворешни работи од 2014 година, наводно, била во врска со Сергеј Лавров долго време.

Google search engine

Лавров, кој е оженет и има ќерка, наводно ја носел со себе, во авион на министерството, на патувања во Франција, Италија, Швајцарија, Јапонија, Сингапур, Португалија и Грција.

За време на тие патувања, парот престојуваше во луксузни хотели и апартмани, се дружеле со познати бизнисмени и олигарси на нивните јахти, а повремено мајката, ќерките и роднините на Полјакова им се придружуваа на патувањето.

Љубовницата на министерот, исто така, обезбеди работни места за семејството и пријателите во министерството и, како се наведува во извештајот објавен од групата на Навални, таа е блиска пријателка на рускиот лидер Владимир Путин.

Извештајот наречен „Јахти, мито и љубовница: Што крие министерот Лавров“ е продолжение на нивните истраги за највисокото раководство на Русија. Тимот на Навални претходно го откри постоењето на луксузната вила на Путин.

Во новиот извештај се наведува дека Полјакова е толку блиска со министерот што некои ја нарекуваат „Светлана Лаврова“ и мислат дека таа е негова сопруга. Исто така, се наведува дека Полјакова ги протерала од министерството сите оние кои не се согласуваат со неа.

Се проценува дека љубовницата на министерот Лавров е исклучително богата, со недвижен имот во Русија и Британија вреден 13,6 милијарди долари. Полјакова поседува и луксузни автомобили во вредност од 545.000 долари, вклучувајќи Мерцедес од 274.758 долари.

Полјакова првпат се појави во јавноста со Лавров, во црква, во декември 2014 година, и оттогаш јавноста го следи нивниот луксузен живот преку Инстаграм профилот на 26-годишната ќерка на Полјакова, Полина. По објавувањето на извештајот, налогот беше “заклучен”.

Извештај за тајниот живот на министерот и член на владејачката Единствена Русија беше објавен на првиот ден од тридневните парламентарни и локални избори во Русија, на кои се очекува да победи партијата на Путин.

На Навални, кој е во затвор, му беше забрането да учествува на изборите, а неговата партија беше прогласена за „екстремистичка“.