Тајни места во светот во кои „обичен смртник“ не смее да влезе – за што служат?

Тајната линија на метрото се наоѓа 200 метри под московските улици. Изградено е за време на Сталин, а го спојува Кремљ со останатите важни точки од градот.

Елитни клубови, владини организации, тајни простории и слично… Во многу места на нашиот свет, 99,9 отсто од луѓето никогаш нема да имаат можност да ѕирнат.

Google search engine

Соба 39

Зарем мислевте дека е можно да се зборува за нешто вакво без да се спомене Северна Кореја? Соба 39 е името на севернокорејската организација која што постои од 1970 година, а се смета дека служи за завршување на „валканите работи“ на власта. Се верува дека во нивното седиште се менуваат девизи и се продава оружје.

White’s Gentlemen’s Club

Најекслузивниот клуб во Велика Британија е основан во далечната 1693 година. Клубот е славен и по книгата која што опишува обложувања, и тоа не било какви, туку целосно бизарни. Така еднаш било забележано обложување за 3 илјади фунти на капка дожд, а требало да се погоди која капка најбрзо ќе падне од прозорецот. На жените влезот не им е достапен, а за да станете дел од клубот треба да ве повикаат барем три членови кои што се веќе дел од него.

Метро 2

Тајната на линијата на метрото кое се наоѓа 200 метри под московските улици. Тунелот (метрото) е изграден за време на Сталин, а го спојува Кремљ со останатите важни точки од градот. Таму може да се влезе единствено со посебна дозвола од владата.

Ватиканскиот таен архив

Само папата и некои луѓе кои се дел од црквата може да влезат во тајниот ватикански архив. Тој е долг неверојатни 84 километри, а содржи милиони документи. Некои од нив се стари и повеќе од 1.200 години, така што кој ќе влезе во архивот има шанси да дознае голем дел од црковната историја, но на поразличен начин.

Клуб 33

Или целосно наречен „Disneyland Club 33“ го основале највлијателните бизнисмени, славните луѓе и политичари. По отворањето 33 директори од највлијателните светски компании имале пристап во него, па оттаму и името. А, за да влезете денес таму потребно е да платите 30 илјади долари и да чекате да ве повикаат дури и до 15 години.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.