Британските специјални единици ќе започнат нова тајна мисија против Русија и Кина со цел да ја интензивираат борбата со противниците на државно ниво, пренесува Тајмс.
Овој весник при изнесувањето на ваквите најави се повикува на командантот на бригадата, Марк Тотен.
Според неговите зборови, британската специјална воздушна служба и специјалната бродска служба ќе извршуваат опасни задачи насочени кон спротивставување на државите. Командантот на бригадата ќе ги предводи „силите за специјални задачи“ на британската поморска пешадија, кои ќе им помогнат на специјалните единици во борбата против тероризмот и задржувањето на платениците ширум светот.
Групата ќе се состои од 4.000 луѓе, пренесува Тајмс и додава: Тоа што можеме да го направиме е да им дозволиме на специјалните единици да се фокусираат на посложени и покомплексни задачи на спротиставување на Русија и Кина.
Toa бара знаење и искуство на вистински професионалци, така што ќе им дадеме повеќе време и обучени експерти да се справат со нив (задачи), a ние можеме да извршиме некои задачи како што се антитерористичка активност на море или заеднички операции што претставуваат потешкотии и се придружени со поголеми ризици, рече тој. Се претпоставува дека специјалните единици заедно со британската разузнавачка служба МИ6 може да шпионираат војници и разузнавачки единици на Русија и Кина.
Според изворите во армијата, специјалните единици можат да се занимаваат и со обука на поморските сили на земјите во регионот на Јужното кинеско море, со цел тие земји да бидат поуспешно заштитени од Кина.