Владата на Тајланд се надева дека таа иницијатива ќе донесе околу 58 милиони долари приход.
Посетителите на Тајланд од сега задолжителниот двонеделен карантин поради коронавирусот ќе може да минат на јахти или на брод во Пукет, омилената тајландска туристичка дестинација.
Владата на Тајланд се надева дека таа иницијатива ќе донесе околу 58 милиони долари приходи, наведува “BBC” и додава дека тој потег има за цел да ја оживее туристичката индустрија во земјата која е тешко погодена од пандемијата.

Оваа држава во југоисточна Азија во главно се потпира на приходи од туризмот, а програмот за карантин на јахта им овозможува на туристите кои имаат негативен тест на ковид времето во карантин да го минат на јахта.
Се очекува дека туристите би можеле да пополнат стотина јахти.

Бројот на туристи на Тајланд поради пандемијата е намален од повеќе до 40.000 дневно, на само неколку стотини.
Се очекува дека во програмот ќе бидат вклучени околу 100 јахти, а патниците ќе мора да носат паметна алка која ги контролира виталните параметри како што се телесна температура и крвен притисок.
