Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ може да се пофали со неофицијална награда за човекот со најубава сопруга на овие простори.

Немања и Александра по едногодишна врска решија да застанат на лудиот камен, а венчавката ја организираа во Лондон.
Денеска живеат среќно во Италија со три прекрасни деца. Како што досега неколку пати изјавил фудбалерот, таа е негов најголем поддржувач. Тој исто толку пати нагласи дека неговото семејство му е многу важно:
„Понекогаш и завидувам на неа и на децата за трпението и љубовта што ја имаат за сите мои обврски, патувања, победи и порази. Покрај нив сум многу среќна личност“, вели Немања во едно интервју.
Двајцата се запознале во 2009 година. Александра тогаш имаше седумнаесет години.