Таа е највисоката жена на светот! По втор пат влегла во Гинисовата книга на рекорди

24-годишната Румејса Гелги од Турција ја понела титулата највисока жена на светот. Висока е 2 метри и 15 центиметри, па влегла во Гинисовата книга на рекорди.

На Румејса од Карабук и е дијагностициран Виверов синдром, ретко генетско нарушување кое се карактеризира со прекумерен раст.

Таа во разговор со медиумите потсетила дека во 2014-та година ја добила титулата највисока тинејџерка на светот. Рекла дека поднела барање за ново мерење и добивање на титулата највисока жена на светот.

“Мојата висина е повторно измерена. Рекордот е потврден. Горда сум што по втор пат сум светска рекордерка”, рекла Румејса Гелги.

Гелги во 2014-та година била висока 2 метри и 13 центиметри, а нејзината висина на последното мерење изнесувала 2 метрии 15 центиметри.