СЗО се многу загрижени: Корона ситуацијата се полоша на Балканот

Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека е „особено загрижена“ за состојбата со ковид-19 на Балканот и Централна Европа, пишува АФП.

Притоа, се додава дека бројот на хоспитализации и смртни случаи во таа област е меѓу највисоките во светот.

Google search engine

Посебно сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот, како и многу други централноевропски земји, рече Кетрин Смолвуд од СЗО, а пренесува Ле Котидиен.

Се бележи значително зголемување на бројот на новоинфицирани во споредба со февруари. Според СЗО, најголема седумдневна инциденца (број на пациенти на 100.000 жители) има во градовите во Естонија, Чешка, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Во последните два дена, во Србија се регистрираат повеќе од 5.000 нови инфекции дневно, за разлика од февруари, кога имаше просечно по 2.000 нови дневни случаи.

Во последните десет дена, во Босна и Херцеговина има помеѓу 1.300 и 2.000 нови инфекции на ден, што е голем скок во споредба со февруари, кога имаше меѓу 300 и 700.

Во последниве денови, исто така, се забележува висок пораст на бројот на новозаболени лица во Хрватска. Денес имаше 1197 нови инфекции, вчера 1445 година; додека во средината на февруари имавше помеѓу 70 и 500 нови случаи на ден.