СЗО: Повеќе од половина Европа ќе се зарази со омикрон во наредните шест до осум недели

Повеќе од половина од популацијата на Европа, како што се очекува, ќе биде заразена со омикрон сојот на коронавирус во наредните шест до осум недели, изјавил денеска директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

„Во Европа се забележани повеќе од седум милиони новопријавени случаи на ковид-19 во првата недела од 2022-ра година, што е двојно зголемување во период од две недели“ изјавил Клуге на прес-конференција.

Реклама

„Со ова темпо, Институтот за здравствена статистика и евалуација предвидува дека повеќе од 50 проценти од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во наредните шест до осум недели“, предупредил Клуге, пренесува “Reuters”.

Реклама